Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Пакистан

Макфакс

17/10/2026

10:20

214

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погодил областа во Пакистан рано утрово, а засега нема информации за штети или повредени.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Пакистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил во 5:06 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.