Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Кефалонија во Грција

Макфакс

17/10/2026

09:20

193

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Кефалонија, со епицентарот на длабочина од пет километри. Потресот предизвика нишање во домовите, но засега нема информации за повредени или штети.

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.

Земјотресот се случил во 2:57 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од пет километри, на околу 11 километри од островот Итака и 93 километри од градот Патра.

Според сведоштва објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот не траел долго, но во домовите се почувствувало нишање.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.