Лионел Меси неодамна стави крај на репрезентативната кариера, но останува во фудбалот преку настапите за својот актуелен клуб Интер Мајами.
Последниот настан поврзан со неговата кариера бил повод за разговор на аргентинските медиуми со Андер Ерера, шпанскиот интернационалец кој одигра една сезона и за Бока Јуниорс.
Претходно, Ерера беше член на клубови како ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а во Франција ја делеше соблекувалната со играчи како Меси, Нејмар, Мбапе и Ди Марија.
– Имав можност да играм со четири фудбалски „чудовишта“, тоа е неверојатно. Имав одлична соработка со нив, тоа се играчи кои сакаат да им ја додадеш топката, но и да бидеш зад нив во случај да треба повторно да се освојува. Правиш грешка ако се обидеш да правиш повеќе од тоа што знаеш, едноставно треба да ги знаеш своите граници и тогаш е лесно да играш со нив, – рекол Ерера во гостувањето во подкастот на Рио Фердинанд.
Истовремено, тој не заборавил да го истакне Меси.
– Според мене, веќе нема да видиме играч како Меси и тука не мислам само на натпреварите, туку на секој тренинг. Можам да пресметам колку топки има загубено Меси на тренинг – нула. Никогаш не бил во средина на рондо вежбата, а тоа е затоа што никогаш не направил грешка, – рекол шпанскиот фудбалер кој реши кариерата да ја завршува во својот матичен клуб Сарагоса.







