Ван Гал смета дека е жртва на малверзациите на Сити: Добив отказ во Јунајтед поради нив

Дерби

16/10/2026

11:18

210

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити допрва ќе дознае каква казна ќе добие поради финансиските малверзации, а во меѓувреме продолжуваат коментарите поврзани со овој голем скандал на англиската фудбалска сцена.

Во дебатата се вклучи и Луј ван Гал, кој смета дека бил лично оштетен од Сити поради отказот кој го заработи во Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната 2015/16.

„Црвените ѓаволи“ го освоија ФА купот, но извисија за место во Лигата на шампионите поради послабата гол разлика од градскиот ривал Сити. Иако имаа подобар меѓусебен дуел со Сити, Јунајтед имаше послаба гол разлика за 16 погодоци и остана на петтото место на табелата.

– За мене, фактот што не успеавме да избориме Лига на шампиони веројатно беше пресуден за да добијам отказ од Јунајтед. А тоа беше почеток на еден многу тежок и фрустрирачки период во мојот живот.

– Но, сега не можеме да ја промениме историјата, а тоа не може да го направи ни Премиер лигата. Останува да видиме каква казна ќе им биде одредена, – рекол Ван Гал.