Со полициски пресретнувач откриен мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, уапсен 27-годишник

Макфакс

16/10/2026

08:10

35

Големина на фонт

а а а

На автопатот Гостивар – Тетово е откриен мотоциклист кој возел со 188 км/ч, двојно повеќе од дозволената брзина, и е уапсен од страна на полициската единица користејќи специјално возило пресретнувач. МВР најавува засилени контроли за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Вчера во 16:20 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, кој се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

„Возачот, 27-годишниот В.Б. од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.