Во Бугарија запалени 11 антени на Старлинк што ги користи украинската војска

Макфакс

14/10/2026

18:11

206

Големина на фонт

а а а

Во Бугарија бил извршен напад што резултираше со запалување на 11 антени од сателитската мрежа Старлинк која ја користи украинската војска. Инцидентот го откри бугарски пратеник и беше потврден на парламентарна седница, додека безбедносните служби се критикувани за недостаток на информации до јавноста.

Во Бугарија, во објект во близина на Софија, намерно биле запалени единаесет од вкупно 17 антени на сателитската мрежа „Старлинк“ (Starlink). Информацијата ја соопшти бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев, кој изјави дека нападот го извршиле две маскирани лица. Точниот датум на инцидентот не е јавно објавен, но настанот беше потврден за време на денешната парламентарна седница од бугарскиот премиер Румен Радев.

Антените се наоѓале до станицата за сателитски комуникации „Плана“, јужно од Софија. Оваа локација се користи и за комуникации на украинската војска. Пратеникот Мирчев, член на партијата „Да, Бугарија“, упати критики до Министерството за внатрешни работи и до безбедносните служби бидејќи не ја информирале јавноста за нападот.

„Министерството за внатрешни работи не го пријави инцидентот, а ниту медиумите – како воопшто да не се случил“, напиша Мирчев. Тој потврди дека поднел пратенички прашања во врска со тоа дали безбедносните служби добиле предупредувања за можен напад и какви мерки презеле.