[ВИДЕО] Компани со критики за ѕвездата на Баерн: Тоа беше глупаво, вакви моменти…

Дерби

14/10/2026

12:15

186

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен не ја оправда фаворитиската улога и освои само бод во Норвешка на соочувањето со Викинг во Лигата на шампионите.

Баварците губеа со 2-0, потоа во вториот дел го свртеа резултатот и поведоа со 3-2, но во 73 минута Мајкл Олисе набрзина заработи два жолти картони, бундеслигашот остана со играч помалку на теренот, ситуација која беше искористена од домаќините за конечни 3-3 на крајот.

Црвениот картон на Олисе беше доста наивен и за тоа доби отворени критики од тренерот Венсан Компани.

-Црвениот картон е неверојатно глупав, секако, го решивме тоа и сме јасни во врска со тоа. Исто така, не е како да гледам премалку енергија. Тимот работи, но тоа не смее да се случи. Тој го знае тоа, ние сме многу јасни за такви работи. Можам да видам во неговите очи дека жали што го направи тоа. Денес не е финале или полуфинале, но ваквите моменти се одлучувачки во сезоната. Му реков и на Мајкл, бројот десет беше попаметен од тебе. Не можам сега да го сменам тоа. Се надевам дека ова е дел од момент од кој учиме и стануваме посилни, -порача Компани.