Ламин Јамал игра во страшна форма од стартот на сезоната и сериозен е во намерата дека треба да ја освои „Златната топка“, а новото брилијантно издание во Истанбул сигурно ќе ги замисли највлијателните новинари кои ќе гласаат за најпрестижното индивидуално признание.
Барселона синоќа славеше над Галатасарај во Истанбул со 1:4, па иако Јамал не постигна ниту еден гол, мора да се напомене дека тој беше главен инспиратор на пресвртот.
Јамал запиша две аситенции на стартот на вториот дел кога резултатот беше изедначен, најпрво до Фермин кој го погоди во глава, а потоа и до Гордон кој стрелаше за 1:3.
Пред голот на Англичанецот Јамал режираше вистинска бравура и понуди откачен „рабона-дриблинг“ со кој се ослободи од чуварот, па токму поради тоа, погодокот на Гордон се најде во прв план.
Иако имаше малку среќа во комплетирањето на целата магија, мора да се заклучи дека топката едноставно му се лепи за нога, па тоа прави работите да бидат многу полесни за него, но и за неговите соиграчи од Барса.








