Стартер на Јунајтед го крена гласот и распали по управата од Мадрид: Не создадоа тим за ЛШ, очекував повеќе инвестиции!

Дерби

14/10/2026

09:02

348

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни стравуваше дека Бруно Фернандеш може да предизвика бура во јавноста со некој нервозен коментар после низата лоши резултати на Манчестер Јунајтед и го нарече капитенот „темпирана бомба“, но оној кој експлодираше во јавноста беше Лисандро Мартинез, а не искусниот играч за врска.

Поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони го натера светскиот шампион од 2022-ра година да распали по хиерархијата, или поточно, јавно ја прозва управата и директорите за лошото менаџирање и погрешната политика која се водела во текот на летниот преоден рок.

Аргентинецот смета дека Јунајтед не се засилил доволно квалитетно во сезона кога се врати во Лигата на шампионите, па за него залудно е да се зборува за лоши перформанси на актуелните играчи, или за отказ на Мајкл Карик.

– Перформансите беа лоши, навистина лоши од наша страна. Се обидувам да се контролирам, но ние не сме тим кој поседува квалитет за Лига на шампиони. Очекував многу повеќе инвестиции ова лето и морам да бидам искрен додека го кажувам ова.

– Имавме фантастичен втор дел од сезоната со Карик, а сега очекуваме повеќе од луѓето во врвот и поголема конкуренција меѓу играчите, особено кога многу други тимови доведуваат голем број играчи како засилувања. Атлетико има одличен тим и заслужено победи на теренот.

– Очекував многу повеќе инвестиции, 100 проценти очекував такво нешто. Очекував повеќе од нашиот технички директор (Џејсон Вилкокс). Како играчи треба да понудиме повеќе, но кога се гради нешто големо, треба и хиерархијата да не подготви за вакви вечери во Лига на шампиони. Лесно е да се обвини тренерот, или играчите, но мора да разгледуваме и други аспекти, – бурно порача Лисандро во експлозивното интервју.