Одиграни се шест кола во Премиер лигата и дефинитивно има доволно материјал да се донесат одредени заклучоци, но и да се извлечат некои интересни статистики од досегашниот тек на натпреварувачката 2026/2027.
Манчестер Сити најдобро се снајде и е на првото место со максимални 18 бодови, а од оваа екипа доаѓа и најдобриот стрелец Ерлинг Халанд со 6 постигнати погодоци.

Меѓутоа Норжанецот е и еден од играчите кој има промашено, неискористено најмногу големи шанси во шампионатот. Анализите покажуваат дека Халанд е на делба на второто место кога е во прашање оваа категорија, поточно не искористил пет добри прилики што значи дека неговиот досегашен учинок можел да биде уште подобар.
На иста линија се и офанзивците Гарсија, Тиаго, Ндоје, додека далеку пред сите е Тиерно Бари. Членот на Евертон пропуштил дури десет сериозни можности за гол што е премногу, односно ако неговата реализација била подобра ќе имал повеќе од три гола, а веројатно и „карамелите“ повеќе бодови од овие сегашните (десет).








