Фон дер Лајен: Мораме да ги заштитиме надворешните граници на ЕУ од илегална миграција

Макфакс

14/10/2026

07:46

312

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика земјите-членки на ЕУ на построги мерки за справување со илегалната миграција, вклучувајќи ја и заштитата на надворешните граници и зголемување на овластувањата на агенцијата Фронтекс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на построги мерки за сузбивање на илегалната миграција во писмо испратено до лидерите на земјите-членки пред самитот во Брисел оваа недела, пренесува „Политико“.

Предлозите вклучуваат воспоставување рамка за итни интервенции во ситуации кога миграцијата се користи како средство за притисок, проширување на овластувањата на граничната агенција „Фронтекс“ и зголемување на бројот на депортации од Унијата.

Заштита на надворешните граници

Писмото доаѓа по летната миграциска криза во шпанската енклава Сеута, за време на која од Мароко пристигнаа околу 70.000 мигранти.

„Мораме да ги спречиме таквите закани и јасно да ставиме до знаење дека никогаш нема да ја доведеме во прашање заштитата на нашите надворешни граници“, напиша Фон дер Лајен.

„На ниту една држава или недржавен актер нема да му се дозволи да ги искористи нашите правила или вредности за да ја дестабилизира Унијата.“

Писмото беше испратено до лидерите на сите 27 земји-членки на ЕУ и ќе послужи како основа за дискусијата за миграцијата закажана за петок. Тоа е вториот ден од состанокот на Европскиот совет оваа недела.