Македонскиот фудбалски талент, Матеј Гаштаров одигра уште еден квалитетен натпревар во дресот на Црвена Звезда, одлична партија против Раднички 1923 и тоа во средба во која актуелниот шампион славеше со 3-0.
Ова издание на Гаштаров не остана незабележано, па нашиот репрезентативец се најде во идеалниот тим на 11. коло во српскиот шампионат. Во формацијата 4-2-3-1, Матеј заедно со Петровиќ од Војводина ја држат средината на теренот.

За најдобар играч на колото пак беше избран соиграчот на Гаштаров од Звезда, дефанзивецот Стефан Гудељ.







