Комплетирано е шестото коло во Премиер лигата, коло по кое немаме на врвот, првите три позиции на табелата кои го заземаат Манчестер Сити, Арсенал и Брајтон.
Дербито на „Енфилд Роуд“ мина во знакот на „граѓаните“, Арсенал им се врати на победите, Челси „испука петарда“, додека Њукасл неочекувано беше потопен од Ковентри…се натпреварите, моментите кои оставија најголем печат од саботата до понеделникот.
По секое коло во ПЛ, Трој Дини како стручен аналитичар за „Би-Би-Си“ ги бира најдобрите единаесет и секако тренерот, па така некогашниот напаѓач сега се одлучи за формација 3-4-3.
Бенитез од Кристал Палас е на голот, Лерма, Пинок и Џастин се во срцето на одбраната, Кадиоглу и Калафиори се на страничките позиции како винг бекови, додека на средината ги имаме Хендерсон и Грајмс.
Нападот е резервиран за Шерки, Доку и Педро, додека на клупата е Енцо Мареска.








