Баерн отворен за потпис на Халанд: Кога ќе зборуваме за иднината…

Дерби

13/10/2026

07:43

328

Големина на фонт

а а а

Германскиот шампион Баерн Минхен важи за екипа која го има еден од најдобрите напади на светот, офанзивна линија која е страв и трепет за противниците, линија предводена од Хари Кејн и помогната од Мајкл Олисе и Луис Дијаз.

Оваа тројка, плус уште неколку други играчи кои исто така се опасни го прават Баерн да биде вистинска гол машина, но секогаш може да биде и подобро иако засега баварците се задоволни од она што го имаат.

-Со Кејн, [Мајкл] Олисе, [Луис] Дијаз и другите, имаме извонредна напаѓачка линија. Минатата сезона постигнавме над 120 гола. Затоа мислам дека сме многу добро позиционирани во нападот, -вели претседателот Херберт Хајнер кој не ја отфрла опцијата во иднина да биде доведен Ерлинг Халанд особено ако Манчестер Сити биде потврден за виновен во процесот со кршење на финасиските правила и заработи казна/казни како што се споменуваат во медиумите.

-Кога ќе зборуваме за иднината за неколку години, ситуацијата ќе биде поинаква, и ќе видиме, -истакна Хајнер.