Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

Макфакс

12/10/2026

13:50

168

Големина на фонт

а а а

На регионалниот пат меѓу селата Ѓавато и Богородица во Гевгелија мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки удрил во дива свиња, при што возачот и сопатничката се тешко повредени и пренесени во Медицински центар Гевгелија.

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до крстосница за село Богородица, гевгелиско, мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(32) од Гевгелија, удрил во дива свиња, која излегла на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката В.Р.(30) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.