Арсенал успеа да го добие соочувањето со незгодниот Лидс и тоа откако мораше да прави пресврт за конечни на крајот 2-1.
Актуелниот првак покажа одредени слабости, проблеми кои се присутни, но и карактер затоа што по примениот гол во 55 минута се трансформираше и преку Калафиори и Бруно Гимараеш дојде до три важни бода.
Меѓутоа не беше се идеално, некои играчи покажаа многу малку, а тоа дефинитивно е случај со Букајо Сака кој треба де биде лидер на „топчиите“. Офанзивецот има падови во играта, не е константен и тоа се забележува, па иконата на Арсенал и воедно некогашен капитен Дејвид О’Лири испрати отворени критики до него.
-Искрено, не мислам дека е [во најдобра форма]. Навистина ми се допаѓа човекот. Но, мислам една работа, гледајќи го како расте и влегува во тимот пред сите да знаат колку е добар, мислам дека сега премногу паѓа. Мислам дека бара тој допир за да паѓа, а играчот што го видов претходно беше многу попозитивен, немаше да дозволи бекот да го исфрли, или некој друг.
-Тој не е играчот што беше, без сомнение. Тој е сè уште врвен играч, но дали е тој играчот што го доби овој фантастичен нов договор со Арсенал што го направи еден од најплатените играчи во земјата? Во моментов не мислам така. Не знам што се случило. Но, кога ќе го погледнам тимот и како напредува, чија игра добро и колку одличен беше Деклан Рајс, мислам дека Сака мора повторно да се истакне, -порача О’Лири кој две децении беше дел од Арсенал.








