Три автомобили опожарени во Скопје

Макфакс

11/10/2026

15:50

276

Големина на фонт

а а а

Во Скопје биле опожарени три автомобили во раните утрински часови, а нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од противпожарната служба и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Турски државјанин пријавил дека вчера, околу 4 часот по полноќ, биле запалени три автомобили.

На 10.10.2026 во СВР Скопје О.А.(54) од Турција, со привремен престој во Скопје пријави дека околу 04:00 часот биле опожарени три возила од кои две возила „сеат“ и едно возило „бмв“ сите со скопски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.