Макс „лета“: Ферстапен ја освои пол позицијата за трката за ГН на Сингапур

Дерби

10/10/2026

18:28

164

Големина на фонт

а а а

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен влезе во импресивна серија на резултати, минатата недела издоминира за трката за Големата награда на Бахреин (славеше во квалификациите, потоа и на трката), додека пак сега „гази“ во Сингапур и откако беше прв во квалификациите и потоа победи во спринтот сега ја обезбеди и пол-позицијата за утрешната трка на патеката Марина Беј.

Четирикратниот светски шампион успеа да биде најбрз во квалифиикациите пред асовите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Ова за холандскиот возач беше 50. пол позиција во кариерата.

На четвртото место заврши лидерот во шампионатот, Андреа Кими Антонели од Мерцедес, а до десеттото место следуваа Ландо Норис, Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Пјер Гасли, Лијам Лосон и Арвид Линдблад.

Главните возбудувања се закажани за утре од 14 часот.