Две торнада ја погодиле Сицилија предизвикувајќи повреди кај десетици луѓе и значителна материјална штета, особено во градот Марсала. Автомобили биле превртени, а училиште со повеќе од двесте ученици е оштетено. Според научници, топлото Средоземно Море ја засилува енергијата на овие силни бури.
Две торнада го погодија крајбрежниот град Марсала, на западот на Сицилија, повредувајќи десетици луѓе и предизвикувајќи значителна штета на објектите. Силниот ветер превртувал автомобили, а снимки од вчера утрото покажуваат две водени пијавици што од морето се приближуваат кон градот, пишува.
Најмалку 11 лица биле пренесени во болница поради повреди од предмети носени од ветерот и скршено стакло. Седумдесетгодишен маж со повеќекратни скршеници е во критична состојба во болница во блискиот град Мазара дел Вало.
Terrifying footage of a violent tornado ripping through the city of Marsala in Sicily, Italy earlier this morning. Heavy damage reported in the area. https://t.co/Wg9JNFS9pg
— Nahel Belgherze (@WxNB_) October 9, 2026
Оштетено е и училиште во кое во моментот на невремето имало 273 ученици. Сите биле безбедно евакуирани, а шест деца добиле полесни исеченици и гребаници. Снимките од дрон покажуваат скршени прозорци и растурени клупи и столови.
Според научниците, невообичаено топлото Средоземно Море им дава дополнителна енергија на силните бури во регионот.








