Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче препишува изјави од тетратката на Румен Радев и најавува нов мастер план кој вклучува отстапки на штета на националните интереси, при што ја повторува тезата за европска позиција на бугарското барање.
Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор.
Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија.
Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план.
Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев.
Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите“, се додава во партиското соопштение.








