Уметницата Кристл Моли на Инстаграм сподели фотографии од својата раскошна свадба во Канкун, но еден детаљ особено го привлече вниманието на следбениците.
По церемонијата, таа се пресоблекла во многу смел фустан што предизвика поделени реакции.
Фустанот што го привлече целото внимание
За вечерната прослава, таа избрала проѕирен фустан од брендот „Mirror Palais“, кој ја истакнал нејзината фигура и ги открил нејзините бројни тетоважи. Стајлингот дополнително го надополнила со впечатливи обетки од Алексис Битар и чевли од брендот „Tony Bianco“.

Моли ги објавила фотографиите од својот втор изглед по церемонијата, а токму изборот на фустанот станал главна тема меѓу следбениците.
„Сакам сопруг на кого ќе му верувам колку што таа му верува на тој фустан“
Коментарите на објавата се прилично поделени. Додека некои ја пофалија нејзината самодоверба и смелиот моден избор, на други фустанот им беше премногу провокативен.

Неколку коментари беа особено духовити. „Сакам сопруг на кого ќе му верувам колку што ти му веруваш на тој фустан“, напишала една девојка. Друга се надоврзала со слична шега: „Кога барем би можела да им верувам на луѓето колку што таа му верува на тој фустан“.








