Де ла Фуенте за играчот кој би го носел за грб: Не е доволно ценет во Шпанија

Дерби

09/10/2026

12:41

421

Големина на фонт

а а а

Луис де ла Фуенте располага со плејада од врвни играчи кои се борат за место во стартните 11 на Шпанија, а еден од оние кои редовно се на клупата е и најдобриот голгетер од втор план.

Микел Мерино стандардно влегува како „џокер“ од клупата и во безброј наврати се покажа како клучен во таква улога, па после блескавите изданија на мундијалот во завршницата од натпреварите, направи разлика и пред неколку дена во Сплит.

Играчот на Арсенал постигна два гола за победа на Шпанија против Хрватска, а овој негов нов блесок на најважна фудбалска сцена го натера Де ла Фуенте да испорача нова серија пофалби за можеби најпотценетиот играч во шпанскиот фудбал.

– Чест е да се тренира играч како мерино. Тој навистина покажува зошто би го носел на раце и на грб до Светското првенство.Во некоја друга земја би бил повеќе ценет – се надевам дека тоа ќе се промени во Шпанија.

– Се надевам дека ќе направиме повеќе како земја да цениме вакви играчи. Мерино е еден од најдобрите во светот на својата позиција.Тој поседува класа да игра во кој било тим и, секако, важно е тоа што секогаш е достапен за тимот. Знае како да ги разбере моментите во натпреварот и го има тој дар и тоа чувство да постигне важен гол, – вели Де ла Фуенте.