Мицкоски во Милетино: Јасен е победникот на овие предвремени локални избори

Макфакс

08/10/2026

20:30

164

Големина на фонт

а а а

Христијан Мицкоски на митинг во Милетино истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има силна поддршка и ја нагласи победата на предвремените локални избори во општина Брвеница на 18 октомври.

Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија се обединиме, како што ова можам вечерва пред мене да го видам, ова обединување, оваа недвосмислена поддршка, тогаш нема невозможна работа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава.

Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја има неговата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на предвремените локални избори.

,,Тоа што некои мислат дека е невозможно е возможно и победуваме на 18-ти октомври. Јасен е профилот и јасна е конкуренцијата на овие предвремени локални избори и јасен е победникот на овие предвремени локални избори. Стојанчо ја има мојата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори“, кажа Мицкоски.