Хаман со брутален коментар за Роналдо: Кога не се пензионираш сам…

Дерби

08/10/2026

13:05

453

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо предизвика многу реакции со одлуката да го напушти репрезентативниот камп во Данска, а дебатата за неговиот потег, но и за неговата иднина продолжува и откако самиот се обиде да објасни што точно се случувало во Копенхаген.

Роналдо доби поддршка, но од друга страна и многу критики поради своето однесување, а брутален коментар стигна од поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман.

Поранешниот играч на Ливерпул смета дека самиот Кристијано е виновен за драмата, бидејќи навреме не се повлекол од националниот тим.

– Секогаш ја следам репрезентацијата на Португалија со голем интерес бидејќи постојано имаат неверојатни играчи.

– Тимот ќе имаше многу поголеми шанси за успех на последните три големи турнири доколку Роналдо не беше стартер.

– Кога играч ќе ја пропушти можноста да се пензионира или да си замине сам, некој друг мора да ја донесе таа одлука. Селекторот го направи тоа што требаше да се случи одамна, – рекол Хаман.