Им купил на родителите паметен апарат за кафе, а потоа проверил што прави на нивната домашна мрежа. За само 10 дена уредот создал дури 1 TB мрежен сообраќај, толку што оптоварил дел од „Wi-Fi“ системот.
Човек кој на социјалната мрежа „X“ се претставува како "Nomad" раскажал дека им помогнал на родителите околу нивната интернет-мрежа и притоа забележал нешто многу необично.
Бидејќи повеќе од десет години се занимава со ИТ-индустријата, одлучил да провери што се случува. Се покажало дека паметниот апарат за кафе создал 1 TB сообраќај за десет дена.
Hey uh, @Keurig - what the hell is a COFFEE MACHINE uploading, let me double check...
ONE FUCKING TERABYTE OF DATA IN 10 DAYS!?!?
Immediately unplugging that. Getting my parents a new coffee machine. https://t.co/tTHMYC7hND
— Nomad (@NomadsGalaxy) October 6, 2026
Сепак, постои важен детаљ. Огромното количество сообраќај не отишло преку интернет.
"Nomad" објаснил дека поголемиот дел од сообраќајот останал во рамките на домашната мрежа, но уредот сепак создал доволно проблеми за практично да затрупа дел од неговата мрежна опрема.
„Тоа веројатно е грешка на овој уред“, објаснил тој, додавајќи дека апаратот толку ја оптоварил пристапната точка што тоа претставувало проблем.

Не се обидувал докрај да утврди што правел апаратот, туку одлучил повеќе да не го држи поврзан на мрежата.
„Не вреди да се држи ’IoT‘ уред поврзан ако постои можност да се расипе и да создаде ваков проблем“, порачал тој.

Апаратот им припаѓал на неговите родители, на кои "Nomad" од далечина им помага околу домашната мрежа. Нема наводи дека уредот намерно испраќал 1 TB податоци на интернет, ниту дека станува збор за кражба на податоци. Според неговото објаснување, најверојатно дошло до проблем со конкретниот уред.
Засега не е познато ниту за кој модел на апарат станува збор, ниту што точно го предизвикало толкавото количество сообраќај.












