[ВИДЕО] Ова не е обичен тест: „Volkswagen“ „испече“ електричен „SUV“ на 160 степени

Точка

08/10/2026

12:36

711

Големина на фонт

а а а

„Volkswagen“ ја тестираше батеријата на електричниот „SUV“ „ID. Aura T6“ во екстремни услови.

„Volkswagen“ во Кина изведе необичен тест на издржливост на новиот електричен „SUV“ „ID. Aura T6“.

„FAW-Volkswagen“ го стави автомобилот во огромна ротирачка печка, каде што беше изложен на температура од дури 160 Целзиусови степени и издржа 50 вртења.

Тестот беше изведен за да се покаже дека каросеријата и високонапонската батерија можат да издржат екстремни услови. По завршувањето на тестот, „T6“ претрпе сериозни оштетувања, особено на покривот, но ја задржа конструктивната целост.

Најважно, автомобилот по тестот се одвезе со сопствен погон. Патничкиот простор остана недопрен, додека високонапонската батерија не се запали и покрај екстремните услови.

„ID. Aura T6“ е електричен „SUV“ со средна големина наменет за кинескиот пазар.

„Volkswagen“ со овој тест сака да го покаже нивото на заштита на патниците и отпорноста на батерискиот систем во ситуации што далеку ги надминуваат вообичаените услови на експлоатација.