Уапсен Австриец на Табановце: во неговото возило е пронајдено оружје

Макфакс

08/10/2026

09:50

199

Големина на фонт

а а а

Полицијата на граничниот премин Табановце уапси австриски државјанин на кој во возилото му е пронајдено оружје и муниција, а случајот е пријавен пред јавен обвинител.

Вчера во 18.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 62-годишниот П.Р. од Австрија.

При гранична контрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.