Новото коло во кошаркарската Евролига беше отворено со француското дерби меѓу Париз и Асвел кое им припадна на гостите со 98:96.
Денеска и утре се играат преостанатите мечеви од четвртата рунда, а како загревање за тоа ги имаме најубавите, најтрактивните моменти од третото коло.
Десет мајстории се најдоа во фокусот, шампионското и вицешампионското место се за Кар кој го сруши актуелниот првак Олимпијакос со звукот на сирената и Диаките кој имаше брутално забивање против Фенербахче во Истанбул.






