Зајков: Примивме три несреќни гола, знаеме дека на цела јавност ѝ е преку глава…

Дерби

07/10/2026

12:17

356

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов пораз во Лигата на нации, овојпат на гостувањето во Луцерн кај Швајцарија.

Швајцарците не одиграа како во Скопје, но покажаа доволно да не совладаат притоа користејќи ги сите наши грешки, слабости за конечни на крајот 3-0.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков беше еден од играчите кој го одигра комплетниот натпревар и според него можат да се извлечат позитивни работи особено од првото полувреме.

-Почнавме добро, првото полувреме го одигравме солидно, сите голови беа некако несреќни, да бидеме реални. Првото полувреме игравме добро со топка и дефанзивно, цела екипа бевме солидни. Се надевам дека тие несреќни моменти ќе ни се вратат на други натпревари во иднина, треба сите да извлечеме поука од овој натпревар. Видов многу изјави овие денови, стари и млади…во фудбалот немате стари, млади или сте добри или сте помалку добри. Сите треба да се издигнеме од оваа ситуација, знаеме дека на цела јавност ѝе преку глава, меѓутоа и на нас ни е тешко и верувам дека со еден позитивен резултат ќе тргнеме кон некои подобри времиња“, изјави Зајков кој се заблагодари за поддршката од навивачите.

-Благодарни сме на публиката, даваме се од себе да им вратиме на некој начин се надевам дека ќе ја оправдаме во следните натпревари, -заврши стоперот.