Еден детаљ од соопштението на Роналдо ги шокираше португалските медиуми

Дерби

07/10/2026

12:15

412

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо вчера го исполни ветувањето и објави долго соопштение, во кое во детали објасни што се случило во репрезентативниот камп, за тој да донесе одлука да ги напушти колегите од националниот тим во пресрет на дуелот со Данска.

Големата португалска ѕвезда потенцира дека селекторот Жорге Жезус неколку пати не ги исполнил своите ветувања, а чашате била прелиена со зборовите кои ги кажал на прес-конференцијата, која испровоцира жестока реакција од Роналдо.

Португалските медиуми внимателно го анализираа ставот на Роналдо, па иако е јасно дека тој има голем респект кај новинарите и португалската јавност воопшто, сметаат дека фудбалерот непотребно излегува со многу детали и факти за случајот кој требало да биде разрешен интерно, во корист на сите инволвирани.

Од друга страна, влијателниот медиум „А Бола“, меѓу другото го истакна шокот од фактот што Роналдо потенцира дека на секој состанок со селекторот присуствувал спортскиот директор на Ал Наср, Симао Кутињо.

– Како тоа менаџер на клуб од Саудиска Арабија присуствува на состаноците на селекторот и Роналдо, посебно кога има сериозна тензија?

– Кој го дозволил ова? Каде беа претставниците на федерацијата за време на овие разговори? Ова е навистина необјасниво, – коментира новинарот на „А Бола“.