СДСМ предупредува за ново задолжување во износ од 250 милиони евра од страна на владата на Мицкоски, при што јавниот долг на земјата достигнува загрижувачки нивоа, а буџетската состојба е критична.
„Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија
Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без нови задолжувања. На седница одржана на 29 септември Владата на Мицкоски одобрила ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Парите се за буџетска поддршка“, велат од СДСМ.
Ново задолжување од 250 милиони евра до крајот на годинава
А во 2026 година веќе нема доспеани долгови за враќање. Ова не е за враќање долгови туку за пензии и плати затоа што нема пари во Буџетот, и секако за криминални тендери.
Состојбата со јавниот долг и буџетот
Со ова јавниот долг е веќе 11 милијарди евра, а со скриените долгови кон ЈПДП и другите јавни претпријатија тој надминува 63% од БДП.
Дупката во буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална.
Последици од економската политика
Без економски резултат Мицкоски ги турка граѓаните кон должничко ропство. За само две години арамијата го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот долг на земјата од независноста до денеска.
Уште една потврда за состојбата
Ова е уште една потврда на предупредувањата на СДСМ за катастрофалната состојба со буџетот и дебаклот на економските политики на арамијата“, соопшти СДСМ.








