Студено утро, во текот на денот сончево и топло: од петок дожд

Макфакс

07/10/2026

06:49

202

Големина на фонт

а а а

Прогнозата за времето најавува студено утро со сончеви и топли периоди во текот на денот, додека од петок се очекуваат дождови и променливо облачно време со поројни врнежи и ретки грмежи.

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Времето во наредните денови

Во четврток утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.