Прегазена 79-годишна скопјанка во Охрид: со тешки повреди пренесена во болница

Макфакс

05/10/2026

12:20

130

Големина на фонт

а а а

Во Охрид се случи сообраќајна несреќа во која 79-годишна жена од Скопје беше прегазена од патничко возило управувано од лице со активна забрана. Повредената жена е пренесена во болница со тешки телесни повреди.

Вчера околу 10:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од 52-годишниот Б.Х. од Охрид, удрило во 79-годишната М.Н. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека Б.Х. го управувал возилото иако имал изречена активна забрана за управување.

По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.