Уапсен 25-годишник од село во општина Старо Нагоричане: предизвикал пожар

Макфакс

05/10/2026

10:56

171

Големина на фонт

а а а

Полициските службеници уапсија 25-годишно лице од село Враготурце, општина Старо Нагоричане, кое предизвикало пожар и било под дејство на алкохол со 2,36 промили во крвта. Следи пријава по целосно документирање на случајот.

Вчера во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода 25-годишниот Ф.М. од село Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.

Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.