Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски продолжува со блескавите изданија во првата германска лига, а новата забележителна партија ја имаше против уште еден великан, тим кој игра во Лигата на шампионите и се бори за врвот во Бундеслигата-тоа е Фуксе Берлин.
Томовски во минатата рунда ја „спушти ролетната“ против шампионот Магдебург, додека пак во соочувањето со „лисиците“ имаше 14 интервенции или 30 проценти на одбранети удари.
И овојпат тоа не беше искористена од неговиот тим Битигхајм, но она што е позитивно домаќините иако беа тотални аутсајдери се изборија за само минимален пораз од 31:32.
Нова шанса за бодови за Мартин и другарите е составот на Гепинген.








