Тешките обвинувања за финансиски малверзации на Манчестер Сити остануваат најважна тема на европската фудбалска сцена, а Тибо Куртоа во последното интервју не заборавил да потсети дека и во Шпанија има случај во кој еден клуб е обвинет за малверзации, но овој пат со судиите.
Секако, белгискиот репрезентативец мисли на случајот „Негреира“, во кој Барселона е обвинета дека му исплаќала одредени суми на поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија, а за што неговиот клуб Реал Мадрид обвинува дека најголемиот ривал добивал одредени бенефиции кај судиите во Ла Лига.
– Не сакам да кажам дека има некој заговор против нас, не би одел со такви сомнежи.
– Но, постојат работи кои се свират за други екипи, но не и за нас. Во годината со ковид кога го загубивме првенството имаше четири спорни ситуации со играње со рака. Има работи кои не можам да ги разберам, доаѓаат и ни објаснуваат нешто, а потоа судат спротивно.
– Сите ја очекуваат одлуката за „Негреира“, затоа што тоа е сериозен случај, – рекол Куртоа.








