70-годишна жена со автомобил удри во дете, со тешки повреди пренесено во болница

Макфакс

29/09/2026

11:50

168

Големина на фонт

а а а

Дете со тешки повреди е пренесено во болница откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена на улиците во Скопје.

Десетгодишно дете е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.

Според информациите на МВР, несреќата се случила завчера во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје кога 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.