71-годишник со мопед удрил во паркиран пасат во Кичево: со тешки повреди однесен во болница

Макфакс

29/09/2026

11:10

142

Големина на фонт

а а а

Во Кичево 71-годишен мопедист без возачка дозвола удрил во паркиран автомобил „пасат“ и се здобил со тешки повреди по што бил пренесен во болница. Полицијата направи увид на местото на несреќата.

Вчера во 10:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, 71-годишниот А.Ѓ. од селото Другово, управувајќи мопед со кичевски регистарски ознаки, удрил во паркирано patничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, претходно управувано од 57-годишниот Ш.И. од кичевското село Зајас.

Притоа, возачот на мопедот, за кој е утврдено дека немал возачка дозвола, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото на незгодата изврши екипа од ОВР Кичево.