Бит-пазар едвај прооден, полицијата и Град Скопје ги отстрануваат дивите препродавачи

Макфакс

29/09/2026

10:40

192

Големина на фонт

а а а

Полициска акција го преполни Бит-пазар во Скопје поради отстранување на нелегални препродавачи кои продаваат на импровизирани тезги. Булеварот Крсте Петков – Мисирков е едвај прооден поради бројните полициски возила, а сообраќајниот метеж се проширува на околните улици.

Полиција утрово го преполни Бит-пазар поради акција за отстранување на диви препродавачи. Голем број полициски автомoбили се паркирани на коловозот па булеварот Крсте Петков – Мисирков е едвај прооден, а сообраќајниот метеж е прелеан и на околните улици.

„ СВР Скопје во координација со Град Скопје презема мерки за отстранување на нелегални препродавачи“, кусо велат од Министерството за внатрешни работи.

Продавачите кои на импровизирани тезги секој вторник и четврток продаваат градинарски производи поставени дури и на автобуските постојки, утрово ги нема, а ги нема и оние кои покрај нив, продаваа облека и секакви други производи.