Без струја денеска делови од општините Бутел, Шуто Оризари и Илинден

Макфакс

29/09/2026

06:45

163

Големина на фонт

а а а

Денеска делови од скопските општини Бутел, Шуто Оризари и Илинден ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во одредени временски периоди.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 07.55 до 09.55 часот, дел од корисниците од улиците Никола Петров, Груица Војвода и Македонска Бригада, општина Бутел;

· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од улицата Гвадалахара лоцирани покрај гробиштата Бутел, како и корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада – улица 42, општина Шуто Оризари;

· во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците број 10 и 521 во село Кадино, општина Илинден;

· во периодот од 10.15 до 12.15 часот, дел од корисниците од улиците Бетовенова и Адем Кастрати, општина Бутел.