Тетовец ја претепал неговата сестра, кумановец нападнал малолетничка: серија насилства

Макфакс

28/09/2026

12:50

146

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, Куманово и Прилеп се случиле серија на насилни инциденти каде што лица физички ги нападнале своите блиски или малолетници, при што полицијата презела мерки и поднела пријави.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Б.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.04.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сестра.

Вчера во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.А. (19) од Куманово, затоа што на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнал малолетничка. По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2026 во 03:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп, бидејќи во семејниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.