Трагедија во Србија: 15-годишно момче почина по тепачка со врсник; откриени детали

Макфакс

25/09/2026

11:20

370

Големина на фонт

а а а

Петнаесетгодишно момче од Књажевац, Србија, почина поради тепачка со врсник во која се здоби со тешки повреди. Полицијата покренува истрага за кривично дело предизвикување смрт од небрежност.

Петнаесетгодишниот Л.Ц. вчера почина во Књажевац, Србија, по расправија со врсник. Според весникот, Љ.П. го удрил со нога во грбот за време на расправијата, при што тој паднал и се здобил со тешка повреда на главата. Инцидентот се случил околу 18 часот.

„Љ.П. го удрил Л.Ц. со нога во грбот, поради што Л.Ц. паднал и се здобил со отворена рана на слепоочницата. Тој починал на самото место како последица на повредата“, изјавил извор.

Полицијата извршила увид на лице место, а против Љ.П. ќе биде покрената постапка за кривично дело предизвикување смрт од небрежност.