Криумчарел обувки, текстил, лекови, козметика: Полицијата го запрела, тој побегнал

Макфакс

18/09/2026

11:00

148

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Северна Македонија запрела товарно возило кое превезувало контрабандна стока како обувки, текстил, лекови и козметика, без соодветна документација, при што возачот побегнал, но подоцна бил лишен од слобода за криумчарење.

Вчера околу 19:50 часот, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Белановце при РЦГР Север од слобода е лишен С.С. (36) од с. Гошинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл. 278 од КЗ.

Имено, во реонот на с. Липково од страна на полициски службеници бил даден знак за запирање на товарно возило „мерцедес спринтер“, управувано од С.С., но тој не застанал и продолжил со движење кон с. Отља, каде по преземени мерки од страна на полициските службеници, возилото било запрено.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени 320 парчиња текстил, 28 парчиња обувки, 350 парчиња техничка стока, 78 парчиња лекови, 76 парчиња козметика, шест делови за возила и 377 парчиња друга стока, сите без соодветна документација. Известен е јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.