Најстариот Европеец почина во јужна Италија

Макфакс

16/09/2026

19:10

216

Големина на фонт

а а а

Витантио Ловало, најстариот човек во Европа, почина на 112-годишна возраст, објавија властите во Авиљано во јужноиталијанскиот регион.

Поранешниот одгледувач на овци, кој живеел во град источно од Неапол, е роден во март 1914 година, неколку месеци пред почетокот на Првата светска војна.

Дури и по наполнувањето на 100 години, „Зитон“, како што бил познат, продолжил да го одгледува своeто лозје.

„Авиљано денес изгуби дел од својата историја“, напиша градоначалникот на Авиљано, Џузепе Мека, на Фејсбук. „Зитон беше еден од нас“.

Сопругата на Ловало почина пред неколку години. Двојката имаше четири деца.

За време на Втората светска војна, Ловало првично беше на фронтовските линии. Според италијанските медиуми, тој бил воен заробеник во Германија од 1943 до 1945 година.

Според списокот што го води Геронтолошката истражувачка група, најстариот маж во Европа сега е Португалецот Хоаким Варела, кој има 111 години, но на списокот на најстари луѓе во Европа тој е само на 32-то место зад 31 жена.

Истиот список содржи информации според кои најстарата личност во Европа и во светот е британката Етел Катерхам, која има 117 години.