Од вечерва до сабота ќе се прска против возрасни форми на комарци во Скопје

Макфакс

16/09/2026

09:30

213

Големина на фонт

а а а

Во периодот од 16 до 19 септември, градот Скопје ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во вечерните и ноќните часови, при што пчеларите се советуваат да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопшти Град Скопје.