Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди: температурата денеска до 29 степени

Макфакс

16/09/2026

08:01

296

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.