Без струја делови од општините Петровец и Кисела Вода

Макфакс

16/09/2026

07:37

267

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД информира за прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Петровец и Кисела Вода во текот на денот, со цел одржување и интервенции на мрежата.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата 1 и улицата 5 (и Кипер Маркетот), општина Петровец;

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Ваташа, општина Кисела Вода.