Италија објави дека дронот што беше соборен од италијански борбен авион во мисијата на НАТО над Литванија, најверојатно потекнува од Русија. Официјални лица велат дека дронот бил соборен близу селото Праткунаија, а претходно имало тревоги поради појава на дрон над Вилнус и околината.
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен авион во рамките на мисијата на НАТО го соборил над Литванија најверојатно дошол од Русија.
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека дронот бил соборен нешто по полноќ. Според литванскиот Национален центар за управување со кризи, леталото било соборено во близина на селото Праткунаија, на југот на земјата, недалеку од Каунас.
Претходно била издадена тревога и поради појава на дрон над главниот град Вилнус и околниот регион. Борбени авиони од мисијата на НАТО за воздушна одбрана на Балтикот го патролираат небото над Латвија, Литванија и Естонија.








