Сончево со мала до умерена облачност, попладне локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер

Макфакс

15/09/2026

07:50

284

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне локално се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер. Постојат услови за нестабилност и пороен дожд, со можна појава на град и грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен претежно од северен правец, со минимални температури од 8 до 16 степени и максимални до 29 степени.

Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.