Стружанец нападнат и ограбен во лифт

Макфакс

07/09/2026

11:20

166

Големина на фонт

а а а

Во Струга е пријавен случај на насилен напад и грабеж во лифт, каде пријавениот нападнал маж и му одзел пари и мобилен телефон. Полицијата поднесе кривична пријава за разбојништво.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М. (39) од струшкото село Радолишта поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Според полицијата, пријавениот во лифт од зграда физички го нападнал Д.М. (40) од Струга, по што насилно му одзел пари и мобилен телефон.